ЛТХ Леарница вработува стручен соработник, пријавете се

- Локални
498

Слободно работно место: Стручен соработник

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
1. Отворање и пратење од почеток до крај на проекти за изработка на налози
2. Нарачка и пратење на состојбата со испораките на матерјал за алатите
3. Нарачка на комплетна готова роба за алатите
4. Внес на планираните технолошки саати за изработка на алатите
5. Отворање и пратење од почеток до крај на производни налози за изработка на алатите
6. Отворање и пратење на кооперациски нарачки
7. После потврда затворање на проектите и налозите
8. Средување и ажурирање на сертификатите за матерјал
9. Средување и ажурирање на сертификатите за термичка обработка
10. Средување и ажурирање на сертификатите од елементите кои се нарачуваат
11. Префрлање и пратење на статусот на алатот во систем
12. Спремање на податоци за транспорт на алати
13. Спремање на податоци за транспорт на позиции во кооперација (термичка обработка, изработка на елементи од алати итн.) и нивно целосно пратење
14. Преземање на нарачаните позиции и нивна проверка

Од кандидатите очекуваме:
– високо образование (приоритет машинска струка, како и информатичка)
– желба за работа и напредок
– прецизност
– тимска работа
– самоиницијативност
– флексибилност
– доверливост
– активно познавање на англиски или германски јазик

Позицијата бара повремено користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.

На избраниот кандидат му нудиме:
• Почетна месечна плата : од 25.000,00 плус додатоци за сменска работа, обезбеден топол оброк
• Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
• Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• Исплата на новогодишен надоместок
• Награди и бонуси согласно покажани резултати
• Доброволно приватно здравствено осигурување
Кандидатите своите пријави можат да ги достават најдоцна до 30/04/2022
Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Facebook Коментари