Засилени сообраќајни контроли, во Струга казнети 8 возачи и 9 пешаци

- Локални
608

На 27-ми и 28-ми јули 2022 година, во периодот од 22:00 до 03:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

 – Притоа, затекнати и санкционирани се 27 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населени места, ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид 14, Струга 8, Кичево 2 и Дебар 3). Полициските службеници санкционирале и 33 пешаци кои преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид 14, Струга 9, Кичево 7 и Дебар 3), информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива

Facebook Коментари