Во Ташмаруништа одбележани двата Илиндена (1903 – 1944)

По повод државниот и националниот празник 2 Aвгуст -Илинден- Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и вториот Илинден, 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и државноста, празник кој претставува симбол на македонската борба за самостојна и независна држава. ОО на Сојузот на борци од Струга, предводена од претседателот на боречката Ајредин Мемети и потпретседателот Ванѓел Наумоски, која ја предводеа делегацијата на централната општинска прослава по повод 119 години од Илинденското востание и 78 години од АСНОМ, која се одржа традиционално во струшко ТашМаруништа, положија свежо цвеќе на заедничкиот споменик, кој ги симболизира двата Илиндена 1903 и НОВ 1944.Онака како што доликува, со што ја продолжија традицијата на нашите предци.
Илинденското востание претставува историски настан и најзабележителна страница од историјата на македонското националноослободително движење. Големината на оваа мошне крупна пресвртница во поновата историја на македонскиот народ се изразува во чисто народниот карактер на востанието, во кое дојде до величествен израз сенародниот стремеж за борба и слобода и вековниот устрем за создавање своја сопствена држава.

На чествувањето на двата Илиндена во ТашМаруништа присуствуваа голем број на граѓани од општината и од самото село.
По оддавањето почит на загинатите од двата Илиндена 1903 – 1944, делегациите ги посетија и гробовите на загинатите илинденци, во дворот на самата црква каде се одвиваше и културно-забавната програма по повод празникот, каде што прво се обрати проф.д-р.Христијан Мицкоски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

