Од 5-ти до 10-ти август, во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга се одржува 19-тото издание на Меѓународниот арт фестивал ,,Езерски Бисери“.
Оваа година Струга е домаќин на учесници од Македонија, Австрија, Шведска , Естонија, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Израел, Литванија, Латвија, Ерменија и други.
Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга, Македонија крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот.
Strugaonline
Facebook Коментари