Со поетко читање во „Даутпашиниот амам“ официјално се затворија „Струшките вечери на поезијата“

- Локални
357

Осумнаесет поети од странство, гости на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“, синоќа има поетско читање во „Даутпашиниот амам“. Со тоа и официјално заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал.

Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво“, англискиот препев го прочита јапонскиот поет Јасухиро Јоцумото, а македонскиот препев го прочита Зоран Анчевски, кој воедно е препејувач на оваа песна. Анчевски е препејувач и на целокупниот избор песни на Таникава, застапени во објавената Монографија посветена на лауреатот на „Златниот венец“.

Песната, пак, на поетот  Ценд Ајуш Бујанзаја, кој не е присутен на фестивалот, ја прочита почесниот конзул на Монголија, Литов Намдагјанчивин.

Годинава специјален гостин на фестивалот беше лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор.

Strugaonline

Facebook Коментари