Лев банер Десен банер

Со претставата ,,Енергични луѓе“ вечерва стартува новата сезона на Народниот театар од Охрид

Со изведбата на претставата „Енергични луѓе“, според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народниот театар од Охрид вечерва ја започнува новата сезона.

 Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ- Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ- Тодороска. Сценографијата и графичкиот дизајн се дело на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева- Петровиќ.

– Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни, информираат организаторите.

Претставата е со почеток во 20:00 часот. Билетите, по цена од 200 денари се продаваат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефони за резервации 046/261-063 и 075/283-066.

error: