На први септември започнуваат уписите на нови членови во Балетското студио ,,БАХ“

- Локални
830

На 1-ви септември започнуваат уписите за нови членови во Студиото за танц ,,БАХ“. Сите заинтересирани можат да се пријават на телефонскиот број 078 447-530 или во просториите на Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во период од 17:00 до 21:00 часот.

Можат да се пријавата деца од пет години нагоре.

Балетското студио ,,БАХ“  и годинава ќе формира групи за почетници и групи за напредни танчери.

Уписите ќе траат до 20-ти септември.

Старите членови танцувачката сезона ќе ја започнат на 1-ви септември во старите термини и веднаш почнуваат да се подготвуваат за настап на неколку настани како и Меѓународни натпревари што следуваат.

Професионалната група на студиото за танц БАХ, односно јуниорите и сениорите и летово беа неуморни и приредија спектакуларни отварања на двата најголеми настани ова лето во Струга – 50-тото издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2022“ како и 61-то издание на Струшките вечери на поезијата.

Баховки и понатаму продолжуваат со нови предизвици, концерти и настапи.

Strugaonline

Facebook Коментари