Лев банер Десен банер

Одржана традиционалната средба на поранешните фудбалери и симпатизери на ФК Дримкол

Четвртата по ред средба на поранешните фудбалери и симпатизери на фудбалскиот клуб „Дримкол“ од Вевчани, се одржа на 8 септември – Денот на независноста на нашата Република во пријатна атмосфера и другарување во свежа вевчанска вечер и во импресивниот амбиент на ресторанот „Пелвец“од Вевчани. Треба да се истакне дека ФК „Дримкол“ од Вевчани има долга и славна спортска историја која бележи над девет децении постоење, што следната година се планира да биде обележана со издавање на книга. Но, за жал, една деценија и повеќе, клубот од сосема неразбирливи причини згасна, а неговата целокупна богата документација и фотографии, за жал, завршија на депонија. По ваквиот неславен крај на ФК „Дримкол“, младите вевчански надежни ученици за играње фудбал, својата кариера ја продолжуваат во други македонски фудбалски клубови.

Поаѓајќи точно од овој факт, на крајот од четвртата традиционална средба на поранешните фудбалери и симпатизери, беше заклучено да се формира Иницијативен одбор од 7 членови, поранешни фудбалери, кои ќе изготват документација за повторно регистрирање, но овој пат како Спортско друштво со повеќе свои клубови „Дримкол“од Вевчани. Исто така, стана збор и за покренување на акција за конечно уредување и осовременување на спортскиот терен во Вевчани, за чие уредување ќе се побара помош од собирање на прилози и од фирми не само од Вевчани, туку и пошироко од Републиката, со организирање разни средби и активности.

Се застана на ставот дека тоа треба да се направи во најкус рок, така што веќе од идната недела се тргнува во акцијата за регистрацијата на СД „Димкол“од Вевчани, а за чија иницијатива владее голем интерес и подршка од младите луѓе и кај вевчанци, истакнаа Јован Лазороски и Наце Парталоски, поранешни фудбалери на ФК „Дримкол“ од Вевчани.

Фото и текст: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: