Струга добива детско музичко хорче

- Локални
704

Од оваа учебна година, под покровителство на музичкото студио „Соната“ при Центарот за Култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе започне со работа детскиот хор „ДримВокс“ под водство на проф. Бојан Матоски.

Конкурсот е отворен и на него можат да се пријават деца од 5 до 10 годишна возраст.

Хорот ќе започне со работа од месец Октомври, а часовите ќе се одржуваат во просториите на Центарот за Култура, секој понеделник и четврток од 19 до 20 часот.

,,Ве очекуваме во нашето хорче каде времето ќе биде исполнето со забава, но и каде децата ќе се стекнат со вокални музички вештини, ќе научат да музицираат во група и ќе го развијат музичкиот слух, чувството за ритам и разни други музички способности. Можеби токму кај нас ќе се појави следниот голем музички талент!,, – велат од музичкото студио ,,Соната“

Пријавување на тел. 075 864 175, или на Viber. Заследете ги на Facebook и на Instagram каде исто така можете да ги контактирате.

Facebook Коментари