Обука за запознавање со едрењето викендов на Градските пристаништа во Струга и Охрид

- Спорт
364

Едриличарската Федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови од Охрид, Струга и Скопје, во недела, на 23-ти октомври 2022 година, со почеток во 11:00 часот од Градските пристаништа во Охрид и Струга, организира двочасовна обука за запознавање со едрењето.

 Од заинтересираните ќе се изврши селекција на кандидати кои во иднина ќе добијат целосна и бесплатна обука за скипер на едрилица.

Бесплатните обуки ќе се организираат во Охрид и Струга. Ги покануваме сите заинтересирани, средношколци, студенти и други лица постари од 16 години, кои гледаат можност за остварување дополнителни приходи во текот на летната сезона да се пријават на следниот линк или на телефонските броеви 078/269-041 за Охрид и 071/220-784 за Струга, информираат од Едриличарската Федерација на Република Македонија.

Оваа обука е ко-финансирана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, а основна цел е зголемување на бројот на лиценцирани скипери кои ќе можат да работат на комерцијални тури со едрилици и ќе остваруваат дополнителни приходи во летниот период преку оваа дејност.

Facebook Коментари