Лев банер Десен банер

Струшките кошаркарки со победа се вратија од Кавадарци

Екипата на ЖКК Струга 2009 на гостински терен во Кавадарци ја совлада екипата на ЖКК Пробаскер со резултат 63-79 (13:11;22:28;04:18;24:22). Најдобра во нашата екипа беше Лее со неверојатен учинок од 38 поени, 14 скокови, 3 асистенции и четири освоени топки.
Стојаноска ја следеше во чекор со 12 поени, 6 скокови и неверојатни 18 асистенции. Модева постигна 9 поени и 10 скокови, Муртази 13 поени и 5 скокови, Бическа 4 поени и 5 скокови, а Кукунешоска 3 поени и пет асистенции. Во редовите на домашната екипа најдобри беа Стоева со 20 поени и Атанасова со 19 поени. Во следното коло, струшките кошаркарки на домашен терен го пречекуваат актуелниот шампион Бадел од Скопје.
Strugaonline

error: