Тимот за училишна интеграција од ООУ ,,Јосип Броз Тито“ ja претстави изложбата ,Есента околу нас”

- Локални
651

Тимот за училишна интеграција од ООУ ,,Јосип Броз Тито“  под координаторство на социологот Ивана С. Милеска, ја реализираше  последната активност од низата планирани активности за 2022 година,кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

,,Нашите ученици од седмо и осмо одделение под водство на наставникот Сандре Младеноски учествуваа во изложба на тема,,Есента околу нас” која се одржа во дворот на нашето училиште. Заедно со учениците од партнер училиштето ООУ “Орхан Џемаили” с. Татеши, Струга, дискутираа за своите творби, другарува и споделуваа искуства и знаење.,, -информираат од тимот на училиштето.

Strugaonline

Facebook Коментари