Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ Струга ќе добие Парк на уметноста

- Локални
695

Паркот кај струшкиот центар за култура ќе се претвори во уметничко катче.

-Несовесното паркирање во паркот кај Центарот за култура во Струга поради кое во опасност беа доведени многу дечиња кои тука поминуваат секојдневно не’ мотивираше истото да го спречиме на креативен начин.  Наместо секојдневно да стравуваме за безбедноста на минувачите, ќе создадеме  парк на уметноста во соработка со уметници од Струга. Камењата кои се сега поставени и ќе добијат уметнички дизајн, се само почеток.  – изјави за Strugaonline директорката на Н.У Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“, Николина Велкоска Глигороска.

Таа додава дека ќе се се работи и на холтикултурно уредување , ќе бидат поставени клупи и тој простор ќе стане соодветен за одржување на настани како што се ликовни колонии и изложби.

Центарот за култура паркот на уметноста ќе го создава со сопствени средства.

Facebook Коментари