Доктор Вулнет Бектеши: Во детското одделение во Струга се’ повеќе пациенти, се’ помалку лекари, веќе не се издржува

- Локални
2091

Доктор Вулнет Бектеши од Детското одделение во Струга преку јавен фејсбук статус укажува на алармантната состојба со недостиг на лекари. Тој во својот статус испраќа апел до надлежните, да се најде решение за овој проблем.

„Господ нека ни е на помош во детското одделение во Струга. Секој ден се’ повеќе пациенти, се’ помалку лекари. Ова веќе не се издржува. Во име на детско одделение СТРУГА го молиме Господинот премиер, Министерот за здравство , директорите на општите болници Струга и Охрид .. Да се најде решение.. А се ова за здравјето на најмалите и најмилите… За децата, ( нема потреба од лајкови.. Само да се тагнат Министерот и директорите.. За да се превземе нешто конкретно…)“, пишува доктор Бектеши.

Извор и фото: Доктор Вулнет Бектеши фб

Facebook Коментари