Првото бебе во Новата година во Струга е женско

- Локални
593
Hа почетокот на оваа Нова година во Општа болница Струга на гинеколошкото одделение синoќа во 19:55 часот се роди првото бебе кое е од женски пол, тешко 3100 г. Бебето и мајката се во добра здраствена состојба.
-Го користам овој момент за да изразам благодарност на целиот персонал кои несебично работат 24 часа без разлика на празници тие се тука за пациентите. Нашата болница, и покрај многубројните предизвици фокусот го стави на развој на медицинската технологија, на воведување нови научни достигнувања и на едукација на кадарот со цел подобра услуга на сите пациенти.
Од мое лично име и од името на вработените на Општа Болница Струга Ви посакуваме добро здравје и безброј причини за радост и насмевка. -напиша директорот на болницата, Д-р Арменд Арслани.
Strugaonline

Facebook Коментари