Жител на сeло Ливада осомничен дека со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници во Струга

- Локални
876

-На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга бил извршен службен разговор со М.З.(62) од с.Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 мм за вештачење. По целосно документирање на случајот,ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари