Кривична пријава за охриѓанец кој бесправно изградил објект за депонија во Враништа

На 11.01.2023 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до ОЈО Струга поднесе кривична пријава против Љ.Џ. (49) од Охрид и против правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од Кривичниот законик. Првопријавениот, во својство на управител и инвеститор во второпријавеното правно лице, во Струга на локација во Враништа, во текот на 2022 година без одобрение за градење и спротивно на Законот за градење, изградил објект за депонија за неопасен отпад. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани депонијата.
Извор: СВР Охрид

