Струга е подготвена за Богојавление-Водици

- Локални
1009

Струга е подготвена за големиот христијански празник Богојавление- Водици. Осветувањето на водите во реката Црн Дрим ќе се случи во четврток во 11:00 часот.

Богослужбата во Соборниот храм ,,Свети Ѓорги“ ќе започне во 7:00 часот и ќе трае до 10:30 часот, потоа литијата  ќе се упати  кон Мостот од каде ќе биде спуштен Светиот Крст. Бината и озвучувањето ќе бидат поставени или во текот на утрешниот ден, или во среда, зависно од временските услови.

Годинава се очекува да учествуваат околу 200 капачи.

Кум за Водици оваа година е Марјан Ќушкоски кој со златно ланче ќе го дарува среќниот фаќач на Крстот.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари