Општата болница во Струга доби нов современ мамограф

- Локални
1260

Општата болница во Струга доби нов современ мамограф за рано откривање рак на дојка.

– Во соработка со Министерството за здравство, успеавме да обезбедиме еден од најсовремените апарати мамограф, кој е исклучително важен при раната дијагноза на малигните болести на дојката. Мамографот е современ со ниска доза на зрачење, со контролирана компресија и поголема резолуција на графии-изјави директорот на болницата д-р Арменд Арслани.

Тој додаде дека со овој современ апарат се обезбедуваат здравствени услуги за  пациенти од цел Југозападен регион.

Министерот за здравство Беким Сали ги повика сите жени од регионот да се пријават во струшката болница за бесплатен скрининг и навремено откривање на сите промени регистрирани во нивниот организам

..Ги повикуваме сите жени да се обратат до Општата болница во Струга и да се пријават за скринингот, кој е дел од програмите на Министерството за здравство со цел рано откривање на рак на дојка. Новитет во оваа програма е дека сите позитивни случаи нема потреба да се враќаат кај матичните лекари за понатамошните иследувања, туку се упатуваат на повисоко ниво, а по потреба и хирушка интервенција до Клиника за торакална хирургија.“ – изјави Сали.

Општата болница во Струга е една од 14-те јавни здравствени установи во државата кои добија современа опрема за дијагностика преку Министертсвото за здравство во соработка со Светска банка.

Facebook Коментари