Предмети со остатоци од бела прашкаста материја пронајдени во возило во Струга

- Локални
464

На 15.02.2023 околу 13 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Ѓ.(37) од Охрид. При преглед во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г.(39) од Охрид, а сопатник бил С.Ѓ., биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, за кои С.Ѓ. изјавил дека се негови. Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со Х.Г.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари