Лев банер Десен банер

Времето денес сончево и посвежо

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините на запад наместа имаше појава на слаб снег. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец.

Утрово е променливо облачно, свежо и ветровито.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Извор: УХМР

StrugaOnline

error: