Лев банер Десен банер

На 23-ти април во Струга ќе се одржи манифестацијата ,,Највелигденско јајце“

По пауза од две години, во Струга продолжува традиционалната манифестација ,,Највелигденско јајце“ во организација на струшкиот Центар за култура, драмското студио ,,Миладин“ и хорот ,,Калистрат Зографски.“

На 22-ри април, сабота, во период од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворена работилница, а главниот настан е закажан за 23-ти април, на празникот Томина Недела, со почеток во 19:00 часот во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“.

Право на учество имаат сите лица без разлика на возраст и пол. Јајцата (експонатите) треба да се декорираат во духот на православието, односно да доминира црвената боја.  Експонатите треба да се достават кај Ристе Миладин најдоцна до 22.04 до 14:00 часот. Организаторите информираат дека за најдобрите ќе следуваат награди.

Според најавената програма, манифестацијата ќе започне со изложба на пристигнатите експонати, а потоа ќе следува Беседа на Отец Стефан Санџакоски. Потоа ќе следува настапот на детскиот хор ,,Калистрар Зогравски“, а за крај ќе се претстават членовите на драмското студио ,,Миладин“ со претставата ,,Вера надеж и љубов.“

Манифестацијата ќе заврши со доделување на наградите за најдобрите.

Strugaonline

error: