Oсвојувач на шест светски титули, познатиот кик-боксер Бени Османоски од Октиси, на својот Facebook профил го најави настанот „Fight 4 Glory“ што ќе се одржи во Струга, на ракометното игралиште на 28-ми јули 2023 година со почеток од 19:00 часот.
Османоски има бројни светски успеси, тој неодамна беше прогласен за најдобар кик-боксер на градот Биел во Швајцарија за 2022 година. Ова признание го доби по петти пат.
Facebook Коментари