ООУ ,,Јосип Броз Тито“ и СОУ ,,Ибрахим Темо“ се победници на Општинскиот натпревар по прва помош

- Локални
781

Црвен крст на РСМ, Општинска организација Струга вчера по 44- ти пат го одржа општинскиот натпревар за Прва помош на кој учествуваа основните и средните училишта од Струга.

Во сениорска категорија (основни училишта) победи ООУ ,,Јосип Броз Тито“. Во категоријата јуниори (средни училишта) прво место освоија учениците од СОУ ,,Ибрахим Темо“.

Од струшкиот Црвен крст информираат дека на државниот натпревар за прва помош што ќе се одржи во септември, ќе учествуваат средношколците од средното училиште ,,Ибрахим Темо“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари