Младите флејтистки Ера Зиба и Флутурије Бајрами постигнаа одлични резултати на Меѓународен натпревар во Косово

- Локални
1027

Од 9-ти до 11-ти јуни во Приштина, Косово започна 18-тиот Меѓународен натпревар ,,Ars Kosova Music Competition.“ На првиот натпреварувачки ден зедоа учество младите флејтистки од Основното музичко училиште од Струга од класата на проф. Светлана Богданоска Ристоски.
Во силна конкуренција, Ера Зиба се закити со прва награда, а Флутурије Бајрами со втора награда.

,,Ера и Флутурије се во мојата класа од септември минатата година и ова практично им е прв пат да учат инструмент, а натпреварот во Косово им е четврти натпревар. Станува збор за за многу музикални, вредни и посветени ученички кои имаат голем потенцијал. Овој натпревар во Косово има навистина многу силна конкуренција, моите ученички се натпреваруваа со ученици кои музицираат многу години, токму затоа сум посебно среќна и горда на овој голем успех.“-изјави за Strugaonline проф. Светлана Богданоска Ристоски.

Таа додава дека Зиба и Бајрами оствариле одличен успех и на претходните натпревари, така Ера Зиба има освоено прва награда на општински и регионален натпревар и втора награда на државен натпревар.

Флутурије Бајрами има освоено прва награда на општински и регионален натпревар и трета награда на државен натпревар.

Strugaonline

 

Facebook Коментари