Пливачкиот и триатлон клуб 3Дисциплини започнува со уписи за летната пливачка и натпреварувачка школа

- Локални, Спорт
612

Пливачкиот и триатлон клуб 3Дисциплини започнува со уписи за летната пливачка и натпреварувачка школа. Вo тек е формирање на пливачките групи.

„Бидете дел од тимот на најдобрите и најуспешните.  Нека вашите деца го усовршат пливањето, да бидат дел од пливачките натпревари и одлична дружба преку организираните летувања и зимувања. Цената е 600 денари месечно или 1500денари цела сезона( средства кои што се користат за маички и опрема во клубот)“-информира тренерот Никола Кутаноски.

Toj додава дека доколку се почне од јули месец, цената ќе изнесува 1000 денари за целата сезона, заклучно со 01.09.2023 .

Што се однесува до тренинзите за школите за пливање, почетниците ќе тренираат  од понеделник до петок во времетраење од 30минути, напредните групи од 30-45 мин, се’ во зависност од временските услови.

Натпреварувачката група ќе тренира во понеделник, среда и петок два пати на ден, а во вторник и четврток пливање во Црн Дрим  на отворено.

Со членување во овој клуб добивате можност за учество на  пливачките натпревари во Македонија и странство.

Пливачките тренинзи со натпреварувачката група ќе започнат од среда, 15.06.2023, а школата за пливање ќе започне штом се стабилизира временската состојба.

За упис и место во школата за пливање јавете се на 072-225-032 Никола и 071-390-959 Ѓургица Тренинзите ги одржува Никола Кутаноски,  world triathlon coach level2.

Повеќе информации можете да добиете на наведеите телефонски броеви и на веб страната на клубот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари