Лев банер Десен банер

Во Струга истепан копретседател на здружението на Бугарите „Шемето“

Копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“ Бекир Кадриески бил претепан од едно лице во Струга.

Кадриески за бугарскиот портал Нова изјавил дека бил соборен на земја и бил клоцан. Бил удиран и со раце, а навредуван бил по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“. Кадриески е македонски државјанин и не поседува бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.

СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути.

На 13-ти јуни 2023 година, во 12:15 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа.

– Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Извор: Нова/СВР Охрид

фото: Нова

 

error: