Kлубот ,,Сонкал ИТФ“ од Мислешево освои девет медали на ,,Охрид опен“
На Mеѓународниот ИТФ турнир ,,Охрид опен“ во конкуренција од 200 натпреварувачи од седум држави, клубот ,,Сонкал ИТФ“ од Мислешево постигна забележителни резултати.
Клубот од Мислешево освои девет медали, а учествуваше со шест натпреварувачи.

Освојувачи на медали се:
Марио Крстески – 1 златен и 2 сребрени медали
Давид Крстески – 2 златни и 1 сребрен медал
Теодор Ѓорески – сребрен медал
Кристијан Гагалески – бронзен медал
Дамјан Анѓелкоски – бронзен медал

,,Тренерите Марио и Давид Крстески го докажаа својот репрезентативен квалитет. Марио и 16 годишниот Давид на овој турнир влегоа и во категорија сениори од 18 до 34 години и таму се сретнаа во финале. Тренерите исто така се многу задоволни и од своите ученици кои за една година работа се вброија во освојувачите на медали.“-информираат од ,,Сонкал“.

Додаваат дека овие натпреварувачи заслужуваат почит, прво за нивното залагање на тренинг, а потоа и за освоените резултати.
Strugaonline
