Билтен на СВР Охрид за 26-ти јуни

- Локални
673

На 26.06.2023 година во 20 часот на граничниот премин „Ќафасан“, при излез од РСМ, приведен е З.Е.(65) од Поградец, Република Албанија. Тој, претходно во Струга, заедно со С.Н. од Струга, физички го нападнале С.Л.(57) од Струга. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.06.2023 година околу 17 часот, во угостителски објект во Вевчани, нарушен е јавниот ред и мир со викање и закани со метален предмет упатени од Љ.А.(46) кон М.А.Д.(29), двајцата од Вевчани. Напаѓачот, осомничен за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари