Лев банер Десен банер

Шпаркасе Банка ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот Џудо натпревар ,,Струга Опен 2023“

Шпаркасе Банка ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот Џудо натпревар Струга ОПЕН 2023, кој годинава по осми пат се одржа во организација на џудо клубот ,,Дрим” и центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака Нова.
На настанот се натпреваруваа 67 тима, а присуствуваа повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа.
Во рамки на натпреварот се натпреваруваа и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот  judo4all, преку кој се покажа инклузивната моќ на џудото како спорт за сите.
Шпаркасе Банка под платформата #SparkasseLife, продолжува со својата корпоративна стратегија за поддршка на спортот и на сите млади ентузијастични спортисти кои веруваат во себе и во иднината.
Strugaonline

error: