Дејана Чакареска е нов В.Д директор на ООУ„Јосип Броз Тито“ Струга.
Чакареска е родена во Струга во 1983 година. Таа е наставник по македонски јазик и литература кој петнаесет години ги учи своите ученици дека училиштето е втор дом каде тие ги создаваат своите навики, да бидат љубопитни и да создаваат соништа за иднината.
,,Мојата главна задача како директор, но пред се’ како наставник е да се подигне свеста за ширење љубов, толеранција и почит помеѓу сите млади. Да се спречи насилството помеѓу учениците и, наместо да си отежнуваат и исмејуваат помеѓу себе да си го чуваат мирот и достоинството. ООУ ,,Јосип Броз Тито” отсекогаш го носело приматот за училиште во кое секое дете е среќно, безгрижно и успешно, така ќе остане и понатаму.“-изјави Дејана за Strugaonline
Следните цели на директорката се поврзани со подобрување на условите за учење, обезбедување со ИТ опрема во училниците, како и изградба на спортска сала.
Претходно, таа беше раководител на ПОУ ,,Јонче Крежески” во Мислешево каде што во минатите неколку години заедно со големи донации од жителите на селото, помош од Општината и училиштето комплетно го реновираа училиштето кое денеска претставува гордост, како и за мештаните, така и за градот.
Вчера во просториите на Општина Струга, градоначалникот Мерко оствари средба со новата директорка и и’ посака успешна работа.
Мерко изрази благодарност и до досегашната директорка, Лидија Гогоска.
Strugaonline
Facebook Коментари