Тимот од Струга со проектот ,,Drim buy – купувај по струшки“ победи на Конференција за развој на заедницата

- Локални
1090
Вчера во Скопје се одржа – Конференција за презентација и избор на најдобри идеи за развој на заедницата подготвени од младите.
Целта на оваа конференција беше младите луѓе од државава да дадат свои иницијативи за подобрување на условите во општините кои живеат и делуваат. На натпреварот учествуваа вкупно 16 млади, поделни во 6 групи, од кои секоја група посебно даде сопствена иновативна идеја за развој на заедницата од која доаѓаат.
Сите учесници беа наградени за вложениот труд, а првото место го освои групата од Струга со наслов на проект Drim buy – купувај по струшки.
Струшкиот ,, Дрим тим” е составен од членовите на ЗРА АКВА, Стфанија Шопоска (15 години) Ѓорѓи Шопоски (18 години) и Сања Павлеска (16 години) предводени од својот ментор, Ана Наумоска.
,,Идејата се развиваше во текот на осум средби, во кои се обработуваше апликацијата, главните проблеми кои ги решаваме, целите, активностите и очекуваните резултати од идејата. Станува збор за создавање локална младинска картичка и мрежа на локални бизниси во кои ќе биде признаена картичката. Оваа картичка ќе биде користена од страна на млади од 15 до 29 год. за да добијат попуст во бизнисите кои ја признаваат картичката. Иницијативата се состои од создавање на веб страна во која ќе бидат испишани сите потребни информации за картичката. Имено оваа картичка е со мотив на нашата Струга и се нарекува ,,Дрим-buy” бидејќи е намената само за младите од Струга и струшко.“ -изјави за Strugaonline Стефанија Шопоска, лидер на струшкиот тим.
Таа додава дека од почетокот верувале дека имаат шанси за победа, а позитивните реакции на нивната идеја ги забележале веднаш, со оглед на тоа дека струшкиот тим бил единствен кој добил голем аплауз на сред презентација.
-Кога беа соопштени резултатите бевме пресреќни што нашата идеја беше призната како најдобра. Како награда за победата се стекнавме со сертификати, таблети и голема подршка за остварување на иницијативата. После овој натпревар Дрим тимот е се’ помотивиран да ја оствари оваа иницијатива и да им помогне на младите стружани.-потенцира Стефанија.
Конфернцијата е дел од проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, проект финасиран од Европска унија, спроведуван од Иницијатива за европска перспектива, како координатор во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, ЗРА – Аква од Струга и Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД од Куманово.
На истата присуствуваа претставници на државни институции, на општини, на граѓански организации, како и претставници од Европска Унија.
Strugaonline

Facebook Коментари