
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола на патнички автомобил паркиран на паркинг простор од магистралниот пат Охрид – Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле хероин.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари