На 15-ти јули стартува турнирот во мал фудбал „ИЛИНДЕН” 2023 во Ташмаруништа

На 15 јули 2023 година традиционално ќе започне ново издание на турнирот во мал фудбал „ИЛИНДЕН” 2023 во с.Ташмаруништа. Пријавувањето на екипите се врши најдоцна до 14-ти јули до 20:00 часот за кога воедно е закажана и ждрепката што ќе се одржи во старото училиште.
Заинтересираните екипи можат да се пријават на телефонскиот број 078 747 575.
Пријавувањето чини 3000 денари.
Strugaonline

