Билтен на СВР Охрид за 18-ти јули

- Локални
395
На 18.07.2023 година во 16.40 часот, на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, приведен е Ш.А.(35) од струшкото село Долно Татеши. Тој, за време на одигрување на меѓународен фудбалски натпревар, ги навредувал и бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава Н.Б.(51) од охридското село Велгошти, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој, со негов автомобил „Фолксваген Туран“ со охридски регистарски ознаки, врши нелегален транспорт на патници во внатрешниот сообраќај и нема лиценца согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган. Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(38) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал
На 18.07.2023 година во 22.30 часот, во близина на населбата „Езерски лозја“ во Струга, лишени од слобода се С.С.(23) и О.Ц.(23), двајцата од Република Австрија. При преглед во автомобил „Бмв“ со австриски регистарски ознаки во кој се наоѓале, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари