Денеска ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“

- Локални, Македонија
633

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“   за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува  НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде соопштен денеска на прес-конференција со почеток во 11:30 часот во Конгресната сала на Хотел Дрим во Струга. Добитникот ќе го соопшти претседателот на  Жири-комисијата, чиј целосен состав ќе биде објавен на прес конференцијата. Жири-комисијата, претходно ги утврди петте книги што влегоа во потесниот избор:

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови. НУМ „Струшки вечери на поезијата“ им се заблагодарува на сите автори и издавачи што конкурираа за наградата.

Facebook Коментари