Oд билтенот на СВР Охрид: Физички напад на улица ,,Егејска“, сообраќајка на патот Охрид-Кичево

- Локални
490

На 13.08.2023 во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Н.(54) од Охрид затоа што претходно на улица „Егејска“ во Охрид физички го нападнал Г.Т. од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.08.2023 во 22.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека И.С.(60) од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари