Лев банер Десен банер

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по третпат во кариерата ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати, бидејќи во финалето по четиричасовна битка го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 5: 7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4).

Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј во Синсинати, вкупно 39. трофеј на турнирите од мастерс серијата 1000. Тој е прв во историјата, со три повеќе од Рафаел Надал.

Новак претходно беше единствениот тенисер во светот кој барем еднаш ги освои сите девет турнири од мастерс серијата, а по вечерашниот триумф, најмалку три пати освои осум од девет. Се освен Монте Карло каде двапати славеше.

Ова воедно е 95-та титула за Ѓоковиќ во кариерата и е трет на вечната листа, зад Роџер Федерер и Џими Конорс.

Ова беше најдолгиот натпревар во историјата на Синсинати, кој траеше три часа и 49 минути.

error: