Лев банер Десен банер

Неколку улици во Струга ќе бидат затворени за време на „Струшки вечери на поезијата 2023“

На 24.8.2023 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото отварање на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“, за манифестацијата Меридијани , која ќе се поставува истиот ден 24.8 (четврток) од 12ч., пред главниот влез на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На 26.8. 2023 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот.

Свеченото затворање е предвидено за 27.8.2023 година со почеток во 20:30 часот.

Strugaonline

error: