Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
12 Берово, 13 Лазарополе, 15 Битола, Маврови Анови, 16 Крива Паланка, Попова Шапка, 17 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Прилеп, Охрид, Претор, 19 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Дебар, Демир Капија, Крушево, 20 Штип, Куманово, Виница, Велес, Кавадарци, Дојран.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е насекаде сончево. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне во северозападните планински подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени. УВ=8
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.
Извор: УХМР, фото: Архива
StrugaOnline

