Привршуваат работите околу уредувањето на просториите во ООУ „Браќа Миладинови“ Струга

Пред започнувањето на новата учебна 2023/2024 година, во основното општинско училиште се прават последните подготовки и привршуваат работите околу уредувањето на просториите за учениците на ова училиште.

Се изврши реконструкција на фасада, подови и внатрешно уредување, за што Министерството за образование и наука од буџетот одвои 29.881.380 денари.

Како што претходно изјави министерот Шаќири, -„Оваа активност е од особено значење како за МОН, така и за општина Струга. Во таа насока порачувам дека само со заедничка визија ќе придонесеме за квалитетен образовен систем во Република Македонија. И во услови на криза, приоритетите во насока на подобрување на образованието, за МОН и Владата остануваат непроменети“.
Од ООУ „Браќа Миладинови“ Струга, на сите ученици им посакува успешен почеток на новата учебна 2023/2024 година.
StrugaOnline
