Започна учебната година во ООУ „Јосип Броз Тито“, вкупно се запишаа 69 првачиња
Започна новата учебна 2023/2024 година во ООУ „Јосип Броз Тито“.
Во централно училиште во Струга запишани се 44 првачиња, во подрачното училиште во с. Мислешево запишани се 9 првачиња, ПУ с. Враништа 12 и Радожда 4 првачиња, односно вкупно 69 запишани првачиња.
Денес во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга беа свечено пречекани новите првачиња кои со насмевки за првпат влегоа во училиштето.
На свеченоста најпрвин се обрати директорката Дејана Чакареска која им посака топло добредојде на првачињата и истакна:
„Од денес нашето училиште станува нов дом за вашите деца, а наши ученици. Заедно ќе ги изградиме нашите ученици во здрави личности. Да не тежнееме децата да имаат одличен успех, туку да се среќни и безгрижни! Училиштето е втор дом за новите првачиња каде што посакуваме да се радуваат, да се дружат, да се почитуваат и да учат!“.
На свеченоста се обратија и одделенските наставници, а беа присутни сите наставници и педагошката служба од училиштето. ООУ„Јосип Броз Тито“ им посака успех и среќа во понатамошното учење.
Strugaonline

