Утре во Охрид се отвора Втората глобална женска лидерска конференција „Јас сум Жена“
На 2 септември 2023 година, со почеток во 11 часот, во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, се отвора Втората глобална женска лидерска конференција „Јас сум Жена“.

Меѓу учесничките се Стефанија Гаштарска – македонска балерина во Русија-театар Бољшој, Симона Живковска- актерка со кариера во Англија, позната од Марвел филмот „Црвената Вдовица“, Дарија Андовска, наш светски познат композитор, Билјана Јуруковски, фотограф во светски продукциски куќи, Зорица Здравковска Николова, капетан, и други македонски жени реализирани дома, во Европа и светот.
StrugaOnline

