Утревечер годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“
Утревечер во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор ќе биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт ќе бидат Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.
Ансамблот Билјана, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.
Концертот ќе започне во 20:00 часот, а билетите кои чинат 200 денари и се продаваат во ограничен број, можете да ги резервирате на телефонскиот број 075/895-405 и ќе се подигнуваат на влез, еден час пред почетокот на концертот. (Крај)
извор: ОхридПрес
StrugaOnline

