Лев банер Десен банер

Четринаесет години од потонувањето на бродот „Илинден“

Денеска се навршуваат четринаесет години од потонувањето на бродот „Илинден“, несреќа во која загинаа 15 туристи од Бугарија.

Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 метри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум.

Во 2020 година беше изработено и поставено ново спомен обележје во чест на загинатите бугарски туристи кое се наоѓа веднаш до пешачката патека, после мостот.

Strugaonline

фото: архива

error: