Започнаа уписите за нови членови во КУД ,,Илинден“-Струга

- Локални
682

После успешната година и прославувањето на големиот јубилеј – 40 години постоење КУД ,,Илинден“-Струга започнуваат со уписи за сезона 2023/2024.

Уписи има за играорната група, пејачката група и оркестарот, истите важат за деца над 6 години и се вршат во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во среда од 17:00 до 21:00 часот и сабота од 11:00 до 16:00 часот, или на телефон 078 240-493 (Љупчо).

Уписите траат до ноември.

Освен прославувањето на значајниот јубилеј, КУД Илинден годинава имаше успешни Меѓународни претставувања во Турција, Бугарија, Косово и на повеќе фестивали низ Македонија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари