Струшкиот уметник Горан Ристовски изложбата ,,Траги“ ќе ја претстави во Велес

- Локални, Македонија
441

Познатиот уметник Горан Ристовски од Струга во петок пред велешката публика ќе ја претстави својата самостојна изложба ,,Траги“.

Изложбата ќе биде отворена во Ликовниот салон во Велес со почеток во 18:00 часот.

Горан Ристовски е визуелен уметник кој живее и работи во Струга, дипломирал 2009 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Учествувал на многу групни изложби во Македонија и надвор. Самостојно има изложувано во Струга, Скопје, Куманово, Охрид и Берлин. Активно учествува на локални проекти од областа на културата. Работел на проекти и активности кои се залагаат за имплементирање на уметноста во повеќето сфери од социјалниот живот на младите, дизајнира плакати за културни настани и со истите учествувал на повеќе изложби, проекти и кампањи и изработува мурали. Работи како професор по Ликовна уметност во Струга, еден е oсновачите и членовите на здружението ИНКА од Струга.
Неговата уметничка практика се состои од истражување на различни техники и материјали, се изразува преку цртеж, слика, фотографија, графика, инсталација, вклучувајќи и готови предмети. Во неговата творечка практика инспирацијата потекнува од посматрање и реакција на локалните случувања, како тие се рефлектираат врз индивидуата и општеството, промените предизвикани од човечкиот фактор врз природата како и традиционалните трансформации и мемории рефлектирани во современиот свет.

Strugaonline

Facebook Коментари