Утре во Струга ќе се одржи вториот конгрес на медицинските сестри
Утре во хотел ,,Дрим“ во Струга ќе започне со работа вториот конгрес на медицинските сестри.

Овој голем едукативен настан на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри со меѓународно учество ќе се одржи на тема: „Здравствената нега – научна дисциплина“.
Оваа година Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За нас“ за прв пат како рамноправна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри го организира овој настан, а за прв пат ќе бидат доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева.

