Женската сениорска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во квалификациите за EHF EURO 2024.

Во Вилнус сениорките славеа победа против селецијата на Литванија со резултат 28:31.
Одлични во нашите редови беа Сара Ристовска со девет погодоци и Андреа Седлоска која постигна осум погодоци, но имаше 100% реализација.
Јована Мицевска го заврши натпреварот со осум интервенции, две реализираше Драгана Петковска.
Facebook Коментари