Лев банер Десен банер

Вечерва во Охрид изложба на стружанецот Христијан Томаноски

Вечерва во изложбениот салон на Центарот за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид ќе биде поставена изложбата ,,Издигнување“ од Струшкиот уметник Христијан Томаноски.
-Насловот „Издигнување“ е инспирација од стиховите од воведните песни на збирката на Ш. Бодлер „Цвеќињата на злото“. Низ неколку дела проткаени се и други стихови од повеќе автори, поврзувајќи и надополнувајќи ги делата со цел проширување на просторот на самите дела.
Комбинирањето на повеќе стилови и техники во творењето на дигитални и традиционални скици, илустрации и дизајни во различни ми помогнаа да ја поставам основата за креирањето на визуелниот јазик на оваа изложба. Сега целта, е еден кохерентен јазик на комбинирање на едноставноста и експерименталноста на графиката изразена преку илустративен пристап.-објаснува Томаноски.
Христијан Томаноски е  роден 1985 г. во Струга. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден од основачите на здружението ИНКА. Работел на сценографијата на СВП, и како дел од тимот за продукција на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.
Strugaonline

error: